Бившата претседателка на Хрватска го посети Киев и позираше во украинска народна носија

Бившата претседателка на Хрватска го посети Киев и позираше во украинска народна носија

пред 1 година

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ (55) го посети главниот град на Украина, Киев.

„Вчера во Киев. Ден на независноста на Украина“, напиша Колинда на социјалните мрежи.

Коментарите веднаш беа полни со поддршка за Грабар Китаровиќ, нарекувајќи ја убавица и кралица.

„Соодветна облека, браво за поранешната претседателка“, гласи еден од коментарите на социјалните мрежи.

Таа пред неколку дена позираше во кежуал стил, а сега беше во украинска народна носија.

Ова не е прв пат Колинда да ја посети Украина. На крајот на април таму го прослави својот 55. роденден, кога го сподели своето ужасно искуство, како ја разбудиле сирените во зоната Киев.

Share
Scroll to Top