(Фото) Мајката на Рита Ора објави фотографија од ќерка си како покажува двоглав орел

(Фото) Мајката на Рита Ора објави фотографија од ќерка си како покажува двоглав орел

пред 1 година

Пејачката со албанско потекло Рита Ора предизвика големо внимание откако на настап во Унгарија се завитка со српското знаме. По концертот се огласи и нејзината мајка која објави нејзина фотографија на која го покажува двоглавиот орел.

„Извини што толку плачев, ме изнервира“, рече мајка ѝ која направила хаос во бекстејџот по концертот во Унгарија. За потсетување, Рита се правдаше дека не видела чие е знамето и дека ѝ го подарила момче од публиката. На почетокот мислела дека е знамето на Унгарија, но подоцна сфатила дека е на Србија.

„Синоќа за време на мојот настап на фестивалот SZIN во Унгарија, млад фан ми подари знаме. Поради силните светла на сцената, не можев јасно да видам чие е. Дури кога се симнав од бината, сфатив дека тоа е српското знаме, а не унгарското. Иако ги ценам сите мои фанови од сите земји и култури, сакам да кажам дека сум горда Албанка од Косово и никогаш не ми беше намерата да не го почитувам моето наследство или да го вознемирувам мојот народ или семејство“, рече Рита Ора за „Клан Косово“.

Share
Scroll to Top