Поранешната олимписка лизгачка Александра Пол, загина во сообраќајна несреќа во Канада. Пол загина на 31 година, а во сообраќајката која се случи во близина на Торонто со тешки повреди се здобило нејзиното дете. Веднаш било однесено во детска болница, од каде рекоа дека е во стабилна состојба.
Во несреќата се повредени уште тројца други учесници во сообраќјот. Од полицијата соопштија дека засега против еден од возачите на камион не е покренато обвинение. За потсетување, Пол се натпреваруваше на Зимските олимписки игри во 2014 година.