По долгата борба со депресија, почина Џош Зајтер учесник во американско реално шоу

По долгата борба со депресија, почина Џош Зајтер учесник во американско реално шоу

пред 1 година

Џош Зајтер од американското реално шоу „The Bachelorette“ почина на 37-годишна возраст. Тажната вест ја потврди и неговото семејство, неколку дена откако на социјалните мрежи проговори за своите психички проблеми.

„Со исклучително тешко срце ја споделуваме трагичната вест за неочекуваната смрт на Џош. Сите што го познаваа можат да потврдат дека Џошуа беше неверојатно светла светлина во овој сè помрачен свет. Иако болката во срцето е неизмерна, ние се тешиме што конечно најде мир“, стои во соопштението на семејството на Зајтер. Тие не ја открија причината за смртта.

Џош се прослави во 2015 година откако се појави во реалното шоу „The Bachelorette“. Дипломирал на Универзитетот во Илиноис во Урбана-Шампејн, а потоа и на Правниот колеџ во Чикаго-Кент. Со своите 456 илјади следбеници на Инстаграм искрено ги сподели своите проблеми и зборуваше за менталното здравје.

„Преживување на депресија и анксиозност од ден на ден со насмевка“, напиша тој во својата последна објава што ја сподели пред неколку дена.

Share
Scroll to Top