Инстаграм тестира видео на „рилс“ до 10 минути

Инстаграм тестира видео на „рилс“ до 10 минути

пред 1 година

Социјалната мрежа Инстаграм ги тестира видеата на „рилс“ да траат 10 минути. Ограничувањето на времетраењето на тој начин би се зголемило за цели седум минути, што е значајна промена за овој формат.

Компанијата „Mета“ ја потврди информацијата, но нагласи дека се прави прототип.

Овој потег на социјалната мрежа Инстаграм и овозможува да продолжи да се натпреварува со апликацијата Тик ток, која инаку стана светски позната токму благодарение на овој тип видеа. Сепак, Тик ток копира и некои функции од мрежата на Инстаграм.

Исто така, треба да се напомене дека во оваа приказна има и платформата на Јутјуб која исто така ја нуди оваа функција, но повеќе се фокусира на пократката форма – неговите снимки од овој тип траат до една минута и се нарекуваат „шортс“. При ажурирање на оваа функција, наместо да го зголемува времетраењето, Јутјуб неодамна додаде нови алатки кои, меѓу другото, го претвораат хоризонталното видео во вертикален формат на „шортс“.

Share
Scroll to Top