Мадона го закажа првиот концерт откако излезе од болница

Мадона го закажа првиот концерт откако излезе од болница

пред 1 година

Мадона откри дека се враќа на пробите за нејзината „Celebrations Tour“, само два месеци откако итно беше пренесена на интензивна нега откако беше пронајдена во несвест.

Кралицата на попот беше принудена да ја одложи својата светска турнеја по загрижувачката и ненадејна хоспитализација. Таму поминала најмалку една ноќ откако претрпела сериозна бактериска инфекција.

Откако била пуштена од болница, таа се опоравила во нејзиниот дом во Њујорк, каде што нејзините деца се грижеле за неа.

Сега таа се огласи на Инстаграм и откри дека се враќа на работа. Таа ја сподели својата фотографија со обожавателите и напиша дека ја радува веста дека билетите за концертот во Лос Анџелес се распродадени.

„Одлична вест! Се враќам на пробите“, изјави кралицата на попот.

Share
Scroll to Top