(Видео) Младата Михаела од Гостивар промовира песна и е ново име на музичката сцена

(Видео) Младата Михаела од Гостивар промовира песна и е ново име на музичката сцена

пред 1 година

Седумнаесетгодишната гостиварка Михаела Антеска го објави спотот за песната „Insecurities“, со која дебитираше во музичкиот свет како кантавтор.

“Многу внимание и време посветивме во изработката на овој спот, за да ја пренесеме пораката како што треба. Снимањето беше исто толку забавно колку што беше и напорно, а од резултатот целата екипа е презадоволна. Спотот ја следи приказната на песната, низ глума и преплетување на мрачни и светли елементи. Ни‘ претставува огромно задоволство и чест што конечно финалниот производ излегува во јавност”, вели Михаела.

Видеото е во режија на Џафер Салиу, а кадрите се снимени на локација низ Гостивар

Михаела Антеска е ученичка во трета година во гимназијата во Гостивар. Свири гитара од  седумгодишна возраст, а музика и текстови почнува да создава од свои 13 години. Нејзиниот деби сингл „Insecurities“ беше објавен кон крајот на 2022 година. Има настапувано на различни настани и манифестации во родниот град, а во 2019 година во МКЦ, Скопје (под менторство на Александар Ристовски – Принц) настапи на фестивалот „Од ребро до рокенрол“ – како главен гитарист на бендот „Викторија Нагуал“.

Share
Scroll to Top