Откачете ја Че, ја уништи серијата: небинарниот лик им преседна на фановите на „Сексот и градот“

Откачете ја Че, ја уништи серијата: небинарниот лик им преседна на фановите на „Сексот и градот“

пред 1 година

И покрај негативните критики, „Ејч-би-о макс“ ја потврди третата сезона од серијата „И едноставно така…“   За продолжението на „Сексот и градот“ на интернет има многу коментари. Има гледачи кои со нетрпение ги очекуваат новите епизоди, но и многумина со совети за сценаристите и за подобрување на серијата.

Така, Че – небинарниот лик е најомразената личност. Се добива впечаток дека сите претпочитаат исфрлање на оваа личност со неодреден род од приказната, на сметка на враќањето на Саманта – ѕвездата на „Сексот и градот“. 

„Може ли да се ослободиме од Че?“, „Се надевам дека Саманта ќе се врати целосно“, „Ве молам, Че – не“, „Че го уништува шоуто“, „Повеќе Лиза, помалку Че“, „Во третата сезона, Ејдан и Кери нека бидат заедно“, „Обидете се да ги натерате Миранда и Стив да го поправат својот брак“ – гласат дел од коментарите.

Продуцентот Мајкл Патрик Кинг го потврди снимањето на новата сезона од серијата.

Share
Scroll to Top