Македонски и балкански пејачи викендов во Аеродром на Skopje Beer Weekend

Македонски и балкански пејачи викендов во Аеродром на Skopje Beer Weekend

пред 1 година

Викендов во Скопје во Аеродром ќе се одржи првото издание на Skopje Beer Weekend. Четири денови резервирани за одлична забава, ладно пиво, вкусна храна и богата музичка програма. Организаторите најавија и квалитетна музика и најубаво пиво.

Фестивалот започнува во четврток на 14 септември и ќе трае до недела 17 септември. Секоја од вечерите стартот на музичката програма е од 18 часот и ќе трае до 01 часот по полноќ.

Забавата ќе се случува на паркингот од спортскиот центар Јане Сандански веднаш до паркот на езерцата. На сцената ќе се појават „Амадеус бенд“, Ален Исламович со својот бенд, ДНК, Бени и Нон-Стоп, Дац и Александар, Бојана Скендеровска, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Наум Петрески, Џони Лајв, Џек Даниел.

Отворањето на фестивалот ќе биде посебно и неповторливо, ве очекува специјално кабаре шоу на EAT THE BEAT кое не смеете да го пропуштите. Влезот ќе биде бесплатен и организаторите Ве канат заедно да започнеме традиција!

Share
Scroll to Top