(Видео) Цензурираната реклама на Мадона за Пепси конечно објавена по 34 години

(Видео) Цензурираната реклама на Мадона за Пепси конечно објавена по 34 години

пред 1 година

Цензурираната реклама на Мадона за „Пепси“ конечно е објавена по 34 години. Рекламата беше откажана бидејќи се сметаше за контроверзна. Сега премиерно беше прикажана во вторникот вечерта на доделувањето на MTV наградите.

Рекламата првично требаше да биде објавена во 1989 година за промоција на песната Like A Prayer, но подоцна беше повлечена откако спотот за песната предизвика негодување во јавноста.

Кралицата на попот се заблагодари на „Пепси“ што дозволи рекламата да го види светлото на денот, зборувајќи за нејзиниот непоколеблив уметнички интегритет.

„Пред 34 години снимив реклама за Пепси за да го прославам објавувањето на мојата песна „Како молитва. Рекламата беше веднаш откажана кога одбив да сменам какви било сцени во видеото на кое бакнувам светец афроамериканец или палам крстови. Така започна мојата славна кариера како уметник кој одбива да го компромитира својот уметнички интегритет“, рече Мадона.

Популарната пејачка се заблагодари на „Пепси“ што конечно ја сфати генијалноста на нивната соработка ѝ додаде дека уметниците се тука да го нарушат мирот.

Share
Scroll to Top