Елтон Џон ја продава луксузната вила во Атланта

Елтон Џон ја продава луксузната вила во Атланта

пред 1 година

Прославениот музичар Елтон Џон ја заврши својата 50-годишна кариера со маратонска турнеја која траеше дури пет години. Тој одржа проштален концерт во Стокхолм.

„Настапите за вас беа мојата причина да живеам и вие бевте апсолутно брилијантни. Завршив со турнеите. Се обидувам да разберам што се случува, но мислам дека треба да помине некое време за да ми легнат емоциите, сега кога завршив со турнејата. Не можам да ви кажам колку ќе ми недостигате и колку вашата поддршка ме направи смиен. Тоа ќе остане со мене засекогаш“, изјавил тогаш славниот уметник.

Со оглед на тоа дека сега има повеќе време за себе, се појавија информации дека решил да ја продаде својата куќа во Атланта за пет милиони долари. Тоа е неверојатен дуплекс кој е составен од шест посебни единици. Има четири спални соби и неколку бањи. Специјално дизајниран мебел, фитнес студио, канцеларија, масажа и спа соба, девет резервирани паркинг места и вински визби се само мал дел од она што го добива идниот купувач.

Елтон Џон еднаш ги продаде своите ексцентрични работи за да инвестира пари во кампања за борба против СИДА.

Тогаш на аукција беа продадени 10.000 парчиња облека и додатоци од гардеробата на Елтон Џон и неговиот сопружник Дејвид Фурниш.

Share
Scroll to Top