Де Брујне од јануари во ПСЖ?

Де Брујне од јануари во ПСЖ?

пред 1 година

Моторот на тимот на Манчестер сити и во изминатите пет сезони клучениот играч на овој тим со години, Кевин де Брујне, од јануари би можел да го носи дресот на ПСЖ.

Во клубот од „Етихад“ решија да ги прекинат преговорите околу новиот договор на репрезентативецот на Белгија.

Имено, челниците на Манчестер сити ќе почекаат да видат на кое ниво ќе биде Де Брујне откако ќе закрепне од повредата, а потоа ќе одлучат дали ќе му понудат нов договор.

Актуелниот договор на Белгиецот со „Граѓаните“ истекува во 2025 година.

Сепак, конфузијата на челниците на Манчестер сити ќе се обидат да ја искористат на „Паркот на принцовите“.

Познато е дека Килијан Мбапе сака да го напушти клубот на крајот на сезоната, а ПСЖ веќе подготви список со желби за зимскиот преоден рок.

Францускиот шампион исто така сака да го искористи интересот на Пеп Гвардиола за 17. годишниот Ворен Заир-Емери, еден од најперспективните играчи на ПСЖ.

Играчот од средниот ред минатата сезона настапуваше за сениорскиот тим на ПСЖ, а сега стана стартер. Од тој момент го привлече вниманието на неколку големи клубови во Европа.

Се уште не е јасно под кои услови Кевин де Брујне би можел да пристигне во Париз, особено што е еден од најважните играчи на англискиот и европскиот шампион.

Да потсетиме, Кевин де Брујн се повреди минатата сезона во финалето на Лигата на шампионите против Интер, но неговиот тим славеше со голот на Родри во вториот дел.

Тој оваа сезона играше во Комјунити Шилд против Арсенал и во првото коло од Премиер лигата против Барнли, кога ја обнови повредата. Според шпекулациите во тимот ќе се врати за еден месец.

.

Share
Scroll to Top