(Видео) Баба од Чикаго го собори светскиот рекорд, на 104 години скокна со падобран

(Видео) Баба од Чикаго го собори светскиот рекорд, на 104 години скокна со падобран

пред 1 година

Дороти Хефнер од Чикаго на возраст од 104 години скокаше од падобран во тандем скок. Таа се надева дека ќе добие сертификат за најстара личност која го направила овој предизвик.

„„Годините се само бројка“, рекла Дороти Хефнер пред воодушевената толпа веднаш по слетувањето на аеродромот во северниот дел на Илиноис за падобранци во градот Отава, на околу 140 километри од Чикаго, пишува „Чикаго трибјун“.

103-годишната Линеа Ингегард Ларшон од Шведска досега го држеше рекордот на Гинис за најстар падобранец во светот, кога лани во мај го прифати предизвикот.

Skydive Chicago Airport сака скокот на Дороти Хефнер да биде внесен како нов светски рекорд, објави локалната ТВ станица WLS.

Share
Scroll to Top