(Видео) Лепа Брена и снаата Александра пееја и плачеа: овации и аплауз за најемотивниот момент од концертот на Пријовиќ во Белград

(Видео) Лепа Брена и снаата Александра пееја и плачеа: овации и аплауз за најемотивниот момент од концертот на Пријовиќ во Белград

пред 1 година

Александра Пријовиќ (28) последните денови е во центарот на вниманието на јавноста. Во рамките на турнејата „Од исток кон запад“, таа одржа три концерти во Белград, а во Загреб ќе одржи концерт на почетокот на декември. Концертите во Белград, беа исполнети до последното столче, обожавателите ги пееја песните на Пријовиќ, играа. Голем број познати личности од Србија на социјалните мрежи сподлеија моменти од концертите.

Најемотивно за многумина, велат, било кога Лепа Брена (62) и се придружила на Александра на сцената, на концертот во Штарк Арената.

Дамите покажале дека владее хармонија во нивното семејство додека заедно пеат на сцена, се прегрнаа на сцената и се расплакаа, додека заедно ја пееја песната на Брена „Пожели сречу другима“.

Ваквиот емотивен момент помеѓу Александра и Брена предизвика бројни овации, а публиката ги награди со громогласен аплауз.

Александра е во брак со Филип Живојиновиќ (38), посинокот на Брена, со кој го има синот Александар. Александра и Филип се венчаа во јуни 2018 година, а во март следната година добија син. Пејачката еднаш раскажа како се запознале и како Живојиновиќ и како ја освоил.

– Пред да почнеме да се забавуваме, се среќававме со години на разни места, на минување. Се гледавме и кај Брена и кај Боба на приватни забави на кои често пеев – раскажала тогаш Александра и открила како потоа се запознале во клуб, каде тој и пришол и рекол дека ќе бидат одличен пар, а се останато е историја.

Share
Scroll to Top