Земји каде е нормално да се оди гол на работа, да се плука и да се фрла мебел низ прозор

Земји каде е нормално да се оди гол на работа, да се плука и да се фрла мебел низ прозор

пред 1 година

Секогаш кога патувате некаде, особено во земја која е поегзотична, големи се шансите да доживеете културен шок. Па, за да ви олесниме едно вакво искуство, ви пренесуваме необичности од разни земји во светот кои ќе ве зачудат.

Тоалетна хартија во Индија
Многу патници ќе бидат изненадени кога ќе откријат дека тоалетната хартија обично не се наоѓа во бањите во Индија. Поконкретно, Индијците обично имаат црево за вода или мала кофа до тоалетот (најчесто тоалет за чучњеви) во кое се чува вода за подоцнежно перење. Користењето тоалетна хартија е генерално лоша идеја, имајќи предвид дека самите цевки во Индија не се со највисок стандард и хартијата може да ги затне.

Плукачки поздрав во Кенија
Иако плукањето се смета за крајно непристојно во повеќето земји, народот Масаи од Кенија има малку поинаков став кон тоа, имајќи предвид дека плукањето таму е знак на почит. Така, членовите на племето ќе плукаат на дланките пред да се ракуваат, а потоа срдечно ќе ја подадат раката. Но, приказната не застанува тука бидејќи се вели дека плукаат по новородените деца, но и по невестите.

Забранети рози во Мексико
Ретко кој не сака на подарок да добие цвеќе, а розите обично се симбол на љубовта каде било во светот. Сепак, треба да бидете внимателни со изборот на бои овде, погрешната боја може да биде доста незгодна. На пример, во Мексико, секогаш држете се до црвените рози и никогаш не подарувајте жолти, бидејќи симболизираат смрт.

Фрлање мебел во Јужноафриканската Република
Многу земји ја слават Новата година со огномет, додека во Јужноафриканската Република има поинаква традиција. За да ја дочекаат Новата година, луѓето го фрлаат својот мебел низ прозореците на улица. Оваа традиција е надгледувана од полициските сили за никој да не биде повреден, а забележавме дека ова е уште една дополнителна можност за отстранување на кабастиот отпад на подрачјето на ЈАР.

Состаноци во финската сауна
Сауната е многу важна работа кога станува збор за финската култура. Служи не само како место за одмор, туку и како место за разговори за деловни прашања или дури и за политика. Всушност, вообичаена традиција во деловниот свет е колегите или деловните партнери да одат заедно во сауна и да разговараат во порелаксирана средина.

Share
Scroll to Top