Надал се враќа на Австралија Опен во 2024 година

Надал се враќа на Австралија Опен во 2024 година

пред 1 година






Рафаел Надал по една година пауза ќе се врати на Австралија Опен, каде што играше на почетокот од оваа сезона. Поради повреда паузира од јануари годинава испадна во второто коло. Веста ја откри директорот на Гренд слемот во Мелбурн, Крег Тајли за австралиската телевизиија „Најн тудеј“.

„Не очекува враќање на некои великани и шампиони кои беа отсутни подолго време. Овде можеме ексклузивно да откриеме дека ќе се врати Надал кој беше отсутен цела година, а во разговор со него претходните денови, добив потврда дека пак ќе игра поради што сме навистина возбудени. Знаеме дека и Кирјос тренира така што го очекуваме и него“, изјави Тајли.

Надал веќе објави дека во 2024 година ќе ја заврши кариерата, а се чини дека негова последна желба се настапите на „Ролан Гарос“ и Олимписките игри токму во Париз. Шпанецот има две титули на Австралија Опен, освоени во 2009 и 2022 година.






Share
Scroll to Top