Синан Сакиќ ќе добие музеј во родното место

Синан Сакиќ ќе добие музеј во родното место

пред 1 година

Легендарниот пејач на народна музика, Синан Сакиќ, кралот на емоциите, ќе добие музеј во родниот крај Лозница. Неогвата сопруга Сабина на тринаесетти октомври, ќе му ја исполни желбата и на истата адреса ќе го отвори своето студио и музејот на Синан.

На „Инстаграм“ испрати покана за отворањето до сите на кои им се допаднаа неговите песни, а отворањето го закажа на денот на неговиот роденден, во пет часот. Музејот и нејзиното студио се наоѓаат на улица „Свети Сава“ 14, во централниот дел на градот.

Синан во својата богата кариера сними триесетина албуми и имаше големи тиражи. Еден од најголемите и најомилените пејачи на народната музика почина на 1 јуни 2018 година, во 62-та година од животот, во семејниот стан во Белград, а погребан е во Лозница.

 

Share
Scroll to Top