(Фото) Цеца на настап се појавила во фустан кој го купила на попуст

(Фото) Цеца на настап се појавила во фустан кој го купила на попуст

пред 1 година





Светлана Цеца Ражнатовиќ на еден од нејзините последни концерти се појави во фустан од модната куќа „Версаче“, кое го купила на попуст. Фустанот чинел 10.335 евра, а пејачката го набавила за 4134 евра. Попустот ѝ бил 60%.

Цеца рече дека ѝ е тешко секој пат да биде иновативна и да не се повторува во однос на гардеробата.

„Немам веќе инспирација. Пресметав дека до крајот на сезоната ќе ми требаат околу 130 стајлинзи. Посебно за „Ѕвездите на Гранд“, посебно за концертите, не знам како да го изведам тоа без да се повтори нешто. Тоа е едноставно невозможно, мислам дека не личи на ниту еден стајлинг, нешто што веќе го имам облечено. Не ми е лесно“, рече пејачката.






Share
Scroll to Top