Со новите уреди кои од ден на ден траат се подолго, се потешко е да се одговори на прашањето кога е вистинското време да се купи нов телефон со Android – за среќа, има некои показатели.
За да видиме кои се овие индикатори, прво треба да знаеме што влијае на животниот век на телефонот.
На пример, ако го користите телефонот цел ден, секој ден, логично е дека ќе дојде време да го замените порано. Понатаму, ако одвреме-навреме имате тенденција да ги испуштате телефоните или да ги удирате на нешто, логично е дека дури и во тој случај ќе треба почесто да ги менувате.
Сајтот Make Use Of направи список со предлози што да направите за вашиот телефон да трае подолго:
* Избришете ги непотребните апликации и старите датотеки
* Не играјте графички интензивни игри
* Користете футрола и заштитник на екранот
* Следете ги упатствата за здравјето на батеријата
* Редовно чистете ја прашината од отворот на телефонот
* Не преземајте апликации и датотеки од непроверени извори
* Рестартирајте го телефонот најмалку еднаш неделно
* Телефонот нека го поправа само овластен сервисер
* Избегнувајте екстремни температури
Кога ќе ви се скрши телефонот, прво запрашајте се дали можеби е поисплатливо да го поправите отколку да купите нов. Исто така, ако меморијата ви е при крај, проверете дали можете да префрлите некои податоци на компјутер, надворешен хард диск или мемориска картичка.
Ако ништо од овие не е можно, тогаш најдобро е да се придржувате до двете главни причини за менување на телефонот: физичко оштетување, каде што едноставно не може повеќе да се користи и софтверски проблеми, кои вклучуваат или „багување“ бидејќи апликациите се премногу тешки или неможност за софтверска поддршка на производителот.