Често се случува родител да не може да стигне до градинка да го земе детето, па да испрати член од семејството да го направи тоа наместо него.
Сепак еден татко од Србија во отсуство на опции отиде чекор подалеку, јавуваат српските медиуми.
Таткото од Младеновац, во моментот немал никого на располагање, па дошол до идеја да користи брза пошта, да си го „подигне детето од градинка“.
Се јавил во службата за достава на храна, со молба да му го достават детето на посочената адреса.
Потегот предизвика бројни коментари. Додека едни коментираат дека таткото се снашол, други велат дека пoстапил неодговорно и го осудуваат.