Хрватски угостител: Никој повеќе не пие „кока-кола“ и други производи од оваа компанија

Хрватски угостител: Никој повеќе не пие „кока-кола“ и други производи од оваа компанија

пред 2 години

Забележлива е помала консумација на „кока-кола“ и на другите газирани пијалаци во рестораните и кафулињата по сомнежот за труење со сокови од асортиманот на таа компанија, изјави за „Хина“, Јелена Табак, претседател на Здружението на туристичката индустрија на Хрватската стопанска комора.

Угостителското здружение ХГК го дели мислењето дека најважно во однос на труењето е дека нема повеќе случаи или опасности за здравјето на луѓето, а секако забележливо е дека има намалување во побарувачката на пијалаци на „Кока-Кола“ во угостителството, вели Табак, и самата угостителка, пренесуваат хрватските медиуми.

„Она што го знаеме е дека по потврдените труењата, никој повеќе не пие „кока-кола“ и други производи од оваа компанија, а има намалување и на сите други газирани пијалаци“, додава таа.

Кога станува збор за учеството на овие пијалаци во бизнисот, не дава процени за кафулињата, а за рестораните вели дека овој удел е до пет отсто од приходите.

Смета дека рестораните полесно ќе ја надминат состојбата со намалената побарувачка на газирани пијалаци бидејќи храната и виното го сочинуваат најголемиот дел од нивната понуда, а потешко ќе им биде на кафулињата, диско-клубовите и на ноќните барови бидејќи газираните пијалаци се пијат одвоено, но се користат и за коктели и за мешани пијачки.

Текстот Хрватски угостител: Никој повеќе не пие „кока-кола“ и други производи од оваа компанија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top