Психолошки трик: Зошто количките за пазарење имаат косина

Психолошки трик: Зошто количките за пазарење имаат косина

пред 1 година

Во супермаркетите ништо не е случајно. Со цел да ги поттикнат клиентите да купуваат повеќе, малопродажните синџири користат различни трикови, па затоа и не е чудно што повеќето колички имаат косина.

Количката што ја користите е речиси секогаш под агол така што едниот врв е повисок од другата страна.

Зад косината се крие суптилен трик, кој има за цел да ги поттикне клиентите да ставаат повеќе производи во количката, со што, се разбира, се купува повеќе и се зголемува продажбата, пренесува магазинот „Феникс“.

„Додека пазарите, ја туркате количката пред вас и гледате напред или на страна. Поради косината, производите што веќе сте ги купиле се лизгаат кон вас и остануваат на најниското место во количката. Поради ова, производите исчезнуваат од вашето видно поле или ви се чини дека ги има значително помалку“, пишува магазинот.

Со самото тоа, ако количката е се’ уште релативно празна, може да се добие впечаток дека на купувачот му требаат повеќе производи за да ја наполни и на тој начин да постигне чувство на ситост и задоволство.

Овој трик на крајот ги наведува клиентите да купуваат повеќе производи отколку што првично планирале, се додава.

Текстот Психолошки трик: Зошто количките за пазарење имаат косина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top