Петчлено семејството загина во пожарот што ја зафати куќата во Хаунслоу во западниот дел на Лондон.
„Меѓу жртвите има и деца“, објави Рут Кедбери, пратеник во британскиот Парламент за областа Брентфорд и Ајлворт.
Би-би-си јавува дека десет противпожарни возила со 70-ина лица од лондонската противпожарна бригада интервенирале на местото на пожарот.
Се наведува дека едно лице се води како исчезнато, а другото било пренесено во болница.
„Се верува дека неговите повреди не се опасни за животот“, соопшти лондонската полиција.
Текстот Трагедија во Лондон: во пожар во куќа изгоре петчлено семејство, меѓу жртвите има и деца е превземен од МАКФАКС.






