Газа: 179 тела закопани во масовна гробница

Газа: 179 тела закопани во масовна гробница

пред 1 година

Најмалку 179 тела се погребани во „заеднички гроб“ во болничкиот комплекс Ал Шифа во Газа, изјави директорот на болницата.

Тој за АФП изјави дека меѓу закопаните има седум предвремено родени бебиња кои починале поради недостиг на електрична енергија неопходна за уредите да ги одржуваат во живот.

„Бевме принудени да ги закопаме во заеднички гроб“, изјави докторот Мохамед Абу Салмија.

Тој додаде дека има тела во ходниците на тој болнички комплекс и дека во собите за ладење веќе нема струја бидејќи ниту капка гориво не влегла во Појасот Газа од почетокот на војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас на 7 октомври.

Д-р Салмија изјави дека денеска починале жена и маж на интензивна нега, со што бројот на пациенти на интензивна нега се искачи на 29 кои починале од саботата кога беше прекинато напојувањето со електрична енергија во болницата Ал Шифа.

Текстот Газа: 179 тела закопани во масовна гробница е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top