Дали кучињата можат да ја почувствуваат бременоста?

Дали кучињата можат да ја почувствуваат бременоста?

пред 1 година

Кучињата, можат да го забележат растечкиот стомак на нивните сопственици, а можат да почувствуваат и промена во нивниот мирис, тврди американскиот „Kennel Club“. Иако професорите од Ветеринарниот факултет во Охајо тврдат дека кучињата не знаат дали нивната сопственичка е бремена, тие истакнуваат дека секако чувствуваат дека дошло до некаква промена и затоа се однесуваат поинаку, пренесува Шејп.

„Кучињата се искусни набљудувачи. Имаат одлични сетила за мирис и вид и не е чудно што чувствуваат дека нешто е поинаку кога жената е бремена“, објасни Мери Барч од Американскиот кинолошки клуб, додавајќи дека препознала дека многу кучиња забележуваат бременост.

Во телото на трудниците се случуваат многу промени, што може да резултира со промена на мирисот, а кучињата се познати по своето силно сетило за мирис. Барч наведува дека кучињата се, на крајот на краиштата, суштества што ги тренираме да откриваат дрога и експлозиви, а истражувањата покажале дека кучињата можат да детектираат здравствени состојби како што се рак, мигрена и епилептични напади.

„Покрај откривањето на хормоналните промени преку сетилото за мирис, кучињата може да ги слушнат и отчукувањата на срцето на фетусот“, истакнува Барч.

Иако нема многу формални истражувања за поддршка на оваа теорија, многу мајки тврдат дека нивните кучиња почувствувале дека се бремени.

Некои кучиња сакаат да бидат поблиску до своите сопственици, па често спијат со нив и се гушкаат, додека други се загрижени и ги штитат своите сопственици од каква било закана, иако понекогаш тоа е само сопруг или можеби правосмукалка.

Експертите велат дека кучињата дури можат да насетат кога почнува породувањето. Чувствуваат промена во расположението и болка, па можат да делуваат заштитно.

Кучињата се многу чувствителни суштества и често имаат многу силни реакции на промените во околината и луѓето во нивните животи, а знаеме и колку им е тешко да доживеат тага после загуба. Затоа не е изненадувачки што многу сопственици на кучиња известуваат дека забележале промени во нивното однесување кога жената ќе забремени.

Некои луѓе дури тврдат дека кучињата дури и пред нивните сопственици знаеле дека бебе е на пат.

Со цел кучето да се навикне на новиот член на семејството, експертите предлагаат да го запознаете со мирисот на детските работи и мебелот, за да разбере дека ќе има голема промена.

Share
Scroll to Top