Одобрен е Урбанистички проект за изградба на автопатот Прилеп – Битола, во рамките на Коридорот 10д

Одобрен е Урбанистички проект за изградба на автопатот Прилеп – Битола, во рамките на Коридорот 10д

пред 1 година

Владата ја разгледа и усвои Информација за одобрување Урбанистички проект за градби од стратешки интерес за изградба на патен Коридор 10д, делница на автопат: Прилеп – Битола и донесе Одлука за одобрување на овој Урбанистички проект.

Предмет проектот во оваа фаза, според предлагачот, Министерството за транспорт и врски, е дел од трасата на автопатот Прилеп – Битола во должина од 29 км, а вкупната должина на Делницата на автопат: Прилеп – Битола е околу 40 км. Останатиот дел од трасата ќе биде предмет на дополнителни урбанистички проекти.

Текстот Одобрен е Урбанистички проект за изградба на автопатот Прилеп – Битола, во рамките на Коридорот 10д е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top