Очекував пресуда на 10 години. Кога ќе изгубиш дете, се знае како се чувствуваш, вели Себастијан Сановски – татко на 10-годишното дете коешто беше усмртено од автомобил минатиот месец на „Пластичарска“.
Таткото најави дека ќе се жали на денешната пресуда, со која возачот Шукри Зеќири од Скопје доби затворска казна од две години и три месеци.
„Не му посакувам никому да му се случи ова. Ако имаме држава, треба да се суди правилно“, кажа таткото на заминување од судот.
Во пресудата, судијката Марија Клетничка наведе дека 21. годишниот Зеќири претходно не бил осудуван за кривично дело. Во времетраењето на затворската казна пресметано е и делото неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода за што определена му е затворска казна од 6 месеци. Тој доби и забрана за управување со моторно возило во период од три години.
Мажот возел со 76 километри на час. Зеќири претходно го призна делото, а кажа дека избегал од страв да не биде тепан.
Текстот Очекував затворска казна од 10 години, кажа таткото на детето што беше усмртено на „Пластичарска“, а возачот побегна е превземен од МАКФАКС.