Воениот кабинет на Израел го одобри преминувањето на два камиона со гориво дневно во Газа за да се задоволат потребите на ОН, изјави израелски претставник.
Официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен, рече дека горивото ќе обезбеди минимална поддршка за системите за водоснабдување и канализација во Газа за да се спречат пандемии, пишува „Ројтерс“.
Оваа одлука следува по барањето на Вашингтон, рече претставникот.
Текстот Израел дозволи два камиона со гориво дневно да влезат во Газа е превземен од МАКФАКС.