Бритни Спирс првпат во јавноста по објавувањето на мемоарите: беше во друштво на пријател

Бритни Спирс првпат во јавноста по објавувањето на мемоарите: беше во друштво на пријател

пред 1 година

Пејачката Бритни Спирс првпат е видена во јавноста по објавувањето на мемоарите The woman in me.

Таа шеташе низ Холивуд, придружувана од Кејд Хадсон, агент и долгогодишен пријател, со кој поминува сѐ повеќе време од пропаѓањето на бракот.

Тие соработуваат со години.

Во екот на движењето #FreeBritney, Кејд беше критикуван од многумина поради тоа што молчи и јавно не се залага за пејачката.

„Не сум се огласил на оваа тема дванаесет и пол години, а тоа е многу, многу. По илјадници смртни закани, шишиња со вода фрлени врз мојата глава од страна на набљудувачите велејќи дека ѝ го перам мозокот, сега ќе зборувам. Ја обвинија како млада мајка, ѝ ставија 100 камери пред носот и чекаа да направи некој погрешен чекор. Ова е кршење на основните човекови права. Молчев затоа што се плашев дека ќе ја загубам работата, кариерата за која давав сѐ 15 години поради закани од човек што сите добро го познаваме, а не сакам ни името да му го спомнам. Доста е“, напиша тој.

Текстот Бритни Спирс првпат во јавноста по објавувањето на мемоарите: беше во друштво на пријател е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top