Повторно е хоспитализиран Игор Пехчевски, кој боледува од цистична фиброза.
„Денеска, кога го одбележуваме 21 Ноевмври, Меѓународниот ден на болните од цистична фиброза, за мене е тажен ден. За жал, јас сум повторно хоспитализиран. Болеста не чека. Не чекаме ниту ние. Се борам и ќе се борам. Лек за сите. ‘Трикафта’ за сите“, напиша Пехчевски.
Битката за право на лек на Пехчевски трае долго. Државата сѐ уште не одвои пари за лекот да го добијат сите што се борат со оваа болест.
Текстот Игор Пехчевски повторно хоспитализиран: Болеста не чека, се борам и ќе се борам – „трикафта“ за сите е превземен од МАКФАКС.