Моето ветување е исполнето. Избран е концептот за хумано домување наместо бетонизација на Расадник, објави на социјалните мрежи градоначалникот на општината Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
„Сите заедно сме сведоци на почетокот на новата ера на владеење на правото во општина Кисела Вода и на транспарентно водење политики во служба на граѓаните. Денес финализираме проект кој претставува своевидна револуција во урбанистичко-архитектонското делување во Македонија бидејќи тој овозможи одговорно, транспарентно, стручно и хумано планирање на изгледот на урбаната заедница Расадник. За првпат по изборот на планот на Кензо Танге за обнова на постземјотресно Скопје во 1965тата, распишавме Меѓународен конкурс за избор на идејниот лик на ДУП-от за Расадник и денес ги имаме резултатите“, објави Ѓорѓиевски.
Рече дека предлог-планот за Расадник од 2020 година на претходната општинска гарнитура во делот кој денес е зелена површина односно неизградениот дел од Расадникот предвидуваше 99 згради и скоро 1 милион м2 станбена површина додека за градежни парцели со намена зеленило имаше површина од околу 10,000 м2. Сите пристигнати трудови од меѓународниот конкурс, сите денес изложени решенија, како што може и сами да видите, имаат над 100.000 м2 зелена површина односно Кисела вода и Скопје добиваат нов Градски парк со површина од над 100.000 м2, што е за 10 пати поголема зелена површина од предложениот Урбанистички план во 2020 година. Во однос на станбени објекти, вкупната етажна површина за градење со намена домување во неизградениот дел од Расадникот изнесува максимално 192,400 м2 што е за 80% помала од предлог планот од 2020 година“, објави Ѓорѓиевски.
Текстот Орце Ѓорѓиевски: Избран е концептот за хумано домување наместо бетонизација на Расадник е превземен од МАКФАКС.