(Видео) Ферат: Освен корупција, криминал, насилство, злосторничкото дуо Курто и Фата ништо друго не знае да прави

(Видео) Ферат: Освен корупција, криминал, насилство, злосторничкото дуо Курто и Фата ништо друго не знае да прави

пред 1 година

Поминаа 2 години од локалната власт во Шуто Оризари, освен корупција, криминал, узурпација на државно земјиште, насилство и фалење со проекти од централната власт на СДСМ, злосторничкото дуо Курто и Фата ништо друго не знае да прави. Меѓутоа, знаат да возат скапи автомобили, да имаат приватна зоолошка градина, да купиваат скапи телефони со парите на граѓаните, истакна на денешната прес-конференција Асан Ферат, претседател на ОО СДСМ Шуто Оризари.

Информира дека на 20 ноември 2023 година била поднесена кривична пријава против Курто Дудуш до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овласувањето по член 353 од КЗ.

„Тој во својство на градоначалник на општина Шуто Оризаре во периодот од 2020 година до денес, со намера противправно да стекне имотна корист и да му нанесе штета на буџетот на Оштина Шуто Оризари, спротивно на член 40 од Законот за јавните набавки, вршел плаќање кон разни правни субјекти, без да спроведе јавна набавка. Вкупниот износ за ваквиот договор изнесува 29.033.405 денари за кои требало да спроведе јавна набавка според законот. Поточно, на одредени фирми им исплаќал милионски суми, без спроведување јавна набавка“, појаснува Ферат.

Според Ферат, за да биде самоволието поголемо, тој исплаќал милиони на свои блиски од добиени дотации од министерства.

„Од ова место, во името на граѓаните на општина Шуто Оризари, ги повикуваме Јавното обвинителство и сите надлежни институции заедно да застанат и да му стават крај на ова злосторничко дуо“, порача Ферат.

Текстот (Видео) Ферат: Освен корупција, криминал, насилство, злосторничкото дуо Курто и Фата ништо друго не знае да прави е превземен од МАКФАКС.