Израелската армија: Се бориме во срцето на Газа

Лидерот на палестинскиот Исламски џихад: Израелските војници што ги држи Газа ќе бидат ослободени само во замена за сите Палестинци затворени во Израел

пред 12 месеци

Лидерот на палестинскиот Исламски џихад рече дека израелските војници меѓу 240-те заложници што ги држи Газа ќе бидат ослободени само во замена за сите Палестинци затворени во Израел.

Се вели дека палестинскиот Исламски џихад – близок соработник на Хамас – држи 40-ина заложници земени за време на нападот на 7 октомври.

„Непријателските воени затвореници нема да бидат ослободени без слободата на нашите затвореници, а тоа е поврзано со крајот на агресијата“, рече Зиад Нахале.

Тој рече дека Израел ќе биде принуден „на крајот да постигне договор сè за сите“. Во следните четири дена 50 заложници треба да бидат ослободени во замена за 150 палестински затвореници, при што двете страни првин ќе ги ослободат жените и децата.

Текстот Лидерот на палестинскиот Исламски џихад: Израелските војници што ги држи Газа ќе бидат ослободени само во замена за сите Палестинци затворени во Израел е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top