Неколку основни и средни училишта во Белград попладнево добиле дојави за наводно подметнати бомби, потврди полицијата.
Од српското МВР за агенцијата ФоНет велат дека околу 13 часот и 20 минути, пред почетокот на попладневната смена, пристигнале пријави за поставени бомби во неколку основни и средни училишта во подрачјето на Белград. Учениците од попладневната смена се вратени дома, а во тек се полициски контроли и антидиверзантски прегледи во училиштата, потврдија од српската полиција.
Засега не се знае за колку точно училишта станува збор.
Дојавите за бомби во училиштата и институциите во Србија беа чести во претходната година и беше утврдено дека сите се лажни.
Текстот Дојави за бомби во неколку белградски училишта е превземен од МАКФАКС.