(Фото) Џенифер го спушти деколтето, за да ја подигне свесноста за вакцинирањето 

Џеј Ло „грми“ во чевлите кои мажите ги презираат

пред 11 месеци

Доколку барате најпрактичен фустан, одговорот можеби ќе биде моделот што го носи Џенифер Лопез.

Џенифер Лопез го комбинира фустанот со балетанки, кои мажите ги сметаат за многу непривлечен модел на чевли, како што покажаа анкетите пред неколку години. Одреден број жени секогаш преферираат штикли, но од друга страна, постои огромна група на жени кои обожаваат рамни чевли.

Какви и да се коментарите за балетанките, што сепак е прашање на вкус, овие чевли сепак имаат статус на иконски обувки. Тие беа многу популарни во „стариот“ Холивуд, а ги носеа Одри Хепберн, Грејс Кели и Брижит Бардо.

Брижит сакаше да комбинира рамни чевли со фустани со поширок долен дел. Фустанот на Џеј Ло, иако е различен стил, има поширок долен дел што го прави погоден за различни женски типови на тело.

Раскошната јака го прави многу елегантен, додека каишот е тука за да го привлече вниманието на половината. Степенсетата коса со светли прамени е една од најмодерните фризури.

Џенифер Лопез беше фотографирана на 22 ноември во луксузната цвеќарница „Rolling Greens“ во Лос Анџелес.

Share
Scroll to Top