Напаѓачи пукале на автобуска станица во Ерусалим, двајца мртви, повеќе повредени

Објавени имињата на жртвите од нападот во Израел

пред 1 година

Израелските медиуми го објавија идентитетот на лицата убиени во денешното пукање во Ерусалим: рабинот Елимелех Васерман (73), Чана Иферган (64) и Ливија Дикман (24).

„Тајмс оф Израел“ пишува дека Васерман бил судија во израелскиот рабински судски систем, a дека Иферган бил директор на училиште во градот Беит Шемеш.

Полицијата утрово уби двајца вооружени Палестинци кога почнале да пукаат на автобуска станица во Ерусалим, соопштија израелските власти.

Нападот се случил покрај главниот автопат на периферијата на градот за време на шпицот, околу 7.40 часот по локално време, според израелската полиција.

Текстот Објавени имињата на жртвите од нападот во Израел е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top