Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи на Фејсбук напиша дека одлуките на Министерскиот совет на ОБСЕ 2023 се конечно донесени.
-ОБСЕ е спасена! Одлуките на Министерскиот совет на ОБСЕ 2023 се конечно донесени! Малта и официјално е новиот Претседавач со ОБСЕ за 2024 – напиша Османи на Фејсбук.
Тој додава и дека е продолжен е мандатот на генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, на високиот комесар за национални малцинства, Каират Абдракхманов, а продолжен е мандатот и на претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, Тереза Рибеиро.
Османи додава и дека е реизбран Матео Мекачи на чело на ОДИХР.
Текстот Османи: Одлуките се конечно донесени, ОБСЕ е спасена е превземен од МАКФАКС.