Вo Битола отворена изложба на мозаици на Бајрам Газанфер

Вo Битола отворена изложба на мозаици на Бајрам Газанфер

пред 10 месеци

Во Битола е ортворена изложбата на мозаици на големиот македонски уметник Бајрам Газанфер во Кристалната сала на Офицерскиот дом-КИЦ Битола. На отворањето во присутна бројната публика и почитувачи на делото на уметникот, свое обраќање имаа директорот на КИЦ Битола, Лили Бошевска, Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, уметникот Бајрам Газанфер, а со воведен текст изложбата ја отвори академик Владо Камбовски. Изложбата е отворена до 10.12.2023 во Офицерски дом – КИЦ Битола. Во пренесуваме дел од обраќањето.

Академик Газанфер Бајрам во потрага по универзалниот логос како морално добро.

Ретка е привилегијата да се зборува за уметничкото творештво на академик Газанфер Бајрам, чиешто дела се ставени на увид на љубителите на мозаикот на сите континенти. Неговите монументални мозаици, како „Мостот“ (1997) што се наоѓа во зградата на МОБ во Скопје, шесте мозаици во салата на Собранието на Република Северна Македонија (1999), „Икаров лет“ (2000) мозаик во ВИП-салонот на Аеродромот во Скопје, трите мозаици: Танчерка, Портокалов цвет 1, Портокалов цвет 2, во највисоката резиденцијална кула Портокал чичеџи во Анкара, монументално дело „Четири елементи – универзум“ во влезот на МАНУ, делата претставени во галерии, приватни колекции или на светската културна јавност низ бројните изложби, од Белград до Равена, ја лансираат македонската и балканската култура, како сјаен елмаз во универзалниот поредок на трајни духовни и уметнички вредности. Посебноста на мигот на претставување на неговото дело во Битола, ја назначува и непосредна близина на Хераклеја Линкестис и прочуената сообраќајна артерија на римското царство – Виа Игнација по која се точкале војски, трговци, народи, низ вековен допир и размена на различни култури и влијанија од Рим до Сирија, Константинопол, Антиохија и Александрија.

И еве ја првата премисла кон која по асоцијативен пат води таквото сознание – дека ние се наоѓаме во самото средиште на европската култура и цивилизација и дека делото на академик Бајрам, кое го рефлектира сјајното македонско, балканско и медитеранско поднебје исполнето со сите можни варијанти на боите на виножитото и со неспоредливо богатство на култури на народите што ги населувале и го населуваат, е несоборлива јустификација на таквото тврдење: неговите дела ги карактеризира стремежот за уметничка синтеза, која го одразува вековната блискост и испреплетување на културните различности. И дека неговиот огромен творечки опус претставува оригинален спој на почетна определба за продолжување на римската и византиска традиција на мозаикот и развиениот оригинален пристап кон модерниот мозаик, кој на многу места не бега од класичните обрасци и симболи, истовремено давајќи им нова, современа и многукратно збогатена форма и смисла.

Тој и самиот вели: Тоа е возбудливо како џез-музиката. Во контрастите е хармонијата. Такви се моите мозаици“.- Газанфер.

Share
Scroll to Top