Кога повторно ќе можеме да патуваме и каде најпрво ќе почне летната сезона?

Шпанците ќе бидат најдолговечни – Reporter.mk

пред 10 месеци

Повеќето стогодишници живеат во САД, Јапонија и Кина. Според истражувањата за очекуваниот животен век во наредните децении, Шпанија ќе биде на прво место според бројот на долговечни луѓе.

Три многу важни работи објаснуваат зошто Шпанците почесто ќе „зачекоруваат во вториот век“: од медитеранската исхрана, стабилен семеен живот и бесплатен здравствен систем.

Даница Шантиќ, демограф, доцент на Географскиот факултет во Белград, објасни што друго се наведува во истражувањето за животниот век на луѓето во светот.

„Ние велевме дека 20 век е век на населението и век на градовите. Во 21 век стареењето е процес кој е незапирлив, тоа е резултат на цивилизацијата. Од почетокот на времето, човекот сака да живее што подолго и што е можно поздраво“, изјави Даница Шантиќ.

Истакнува дека Јапонија е стара нација и сите демографски текови и сите сценарија се случуваат прво во Јапонија. Во светот има четири сини зони. Островот Окинава во Јапонија, Сардинија во Италија, островот Икарија во Грција и провинција во Костарика. Ова се сините зони каде што научниците спроведуваат истражување за тоа зошто луѓето живеат подолго во овие области. Се смета дека тоа се исхраната, живот без стрес и здраво и активно стареење.

Жените живеат подолго ширум светот – во Србија просекот е 78 години за жените и 73 за мажите, наведува таа.

Африка има најкраток животен век, околу 50 години. Просекот за светот е 64, а за Јапонија над 80 години.

„Климатските фактори се важни за долговечноста. Жителите на Сардинија живеат без стрес, Шпанците имаат сиеста за одмор, добра клима, помалку стрес.

Share
Scroll to Top