Новак Ѓоковиќ даде големо интервју за Си-би-ес кое премиерно ќе биде прикажано во недела.
Сепак, на социјалните мрежи се појавија делови во кои Новак разговара со познатиот новинар Џон Вертхајм.
Новак Ѓоковиќ, во емисијата „60 минути“, меѓу другото зборуваше и за ривалството со Федерер и Надал.
На прашањето дали сака да биде пријател со нив во иднина, тој накратко рече:
„Би сакал, да. Навистина би сакал. Лично, би сакал. Мислам, знам дека очигледно (се смее) не се согласувавме толку добро во текот на нашите кариери надвор од теренот. И ние не сме пријатели затоа што, знаете, ние сме ривали и тешко е како конкуренти да бидеме многу блиски и да споделуваме и да дадеме увид во нашиот живот или чувства, знаеш, тоа може да се искористи против тебе за тениски рекорди и можност за понатамошни средби на теренот“, рече Новак.
Тројцата го одбележаа тенисот во изминатите две децении.
„Толку години ја делевме сцената и мислам дека секогаш имало најголема почит, барем од моја страна, за нив. Така, да, се надевам дека еден ден, кога завесите ќе се спуштат ќе можеме да седнеме и да разговараме. Би било, би било неверојатно“.
На крајот додаде дека нема намера да успорува во ловот на рекорди.
„Сакам да победувам. Нема сомнеж во тоа. Инспириран сум и мотивиран од рекордите”, изјави светскиот рекет број еден.
From rivals to friends? @DjokerNole says he would like that—just not for a little while…
Catch the full ’60 Minutes’ interview Sunday, December 10th at 7:30 PM ET after the football game on CBS and streaming on Paramount+
Credit: @60Minutes pic.twitter.com/RZsZDwMeBG
— Tennis Channel (@TennisChannel) December 9, 2023