Круљ е новиот тренер на АП Брера

Круљ е новиот тренер на АП Брера

пред 10 месеци

Академија Пандев Брера го назначи српскиот тренер Бојан Круљ (36) за шеф на стручниот штаб откако претходно спогодбено се раздели со италијанскиот стратег Џовани Валенти.

Круљ, има искуство со работа со млади категории во белградските клубови Вождовац и Синѓелиќ, а бил помошник на двајца тренери во Инџија, кога овој клуб се натпреваруваше во Суперлигата на Србија.

Бојан Круљ како шеф на стручниот штаб го предводеше и ИМТ од Белград со кој постигна одлични резултати и влезе во баражот за пласман во Суперлигата на Србија. Тој има искуство и од Босна и Херцеговина, работеше во Рудар од Приједор, што беше и негов последен ангажман.

Заврши првиот дел од македонскиот шампионат, Академија Пандев Брера Струмица (со која раководи поранешниот ас Горан Пандев) е на осмото место на табелата во Првата лига.

Share
Scroll to Top