Oслободени уште десет навивачи на Динамо Загреб од грчките затвори

Oслободени уште десет навивачи на Динамо Загреб од грчките затвори

пред 1 година

Дополнителни десет навивачи на Динамо Загреб денеска беа ослободени во Грција, со што вкупниот број се искачи на 40, објави грчката новинска агенција АНА.

Во петокот грчките власти ослободија 30 хрватски државјани кои од август беа во истражен затвор поради учество во конфликтот со навивачи на грчкиот АЕК, во кој загина еден поддржувач на атинскиот клуб.

Навивачите денеска беа ослободени под истите услови како и триесетмината. Тие добија забрана за влез во Грција за спортски настани и мораа да платат кауција од 1.000 евра. Грчките медиуми претходно објавија дека се поднесени 95 барања за ослободување.

Share
Scroll to Top