Убиени уште двајца заложници држени од Хамас во Појасот Газа: телата се’ уште се во рацете на милитантите

Убиени уште двајца заложници држени од Хамас во Појасот Газа: телата се’ уште се во рацете на милитантите

пред 10 месеци

Израел потврди дека се убиени уште двајца заложници кои ги држела палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа.

Убиството на Тал Хаими и Џошуа Луит Молел, кои ги држеше Хамас, го потврдија и нивните кибуци, пишува „Џерусалим пост“.

Весникот наведува дека Тал Хаими, жител на Нир Јоцак и Џошуа Луито Молел, жител на Нахал Оз, биле убиени додека биле заложници од Хамас во Појасот Газа и дека нивните тела сè уште ги држи палестинската милитантна група.

Хаими, кој беше киднапиран во напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, беше дел од одредот испратен да го одбие нападот на Хамас додека не пристигнат засилувањата. Новите докази покажуваат дека тој бил убиен истиот ден и дека неговото тело било однесено во Газа, пишува „Џерусалим пост“.

Молел, студент по земјоделство од Танзанија, пристигнал во Израел две недели пред нападот на Хамас и работел како млекар во Нахал Оза.

Текстот Убиени уште двајца заложници држени од Хамас во Појасот Газа: телата се’ уште се во рацете на милитантите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top