Фатен скопјанец кој ограби аптека во Кисела Вода

Фатен скопјанец кој ограби аптека во Кисела Вода

пред 1 година

Синоќа во близина на трговски центар на подрачјето на Центар, полицијата го приведе А.С. (35) од скопско, поради основи на сомнение дека околу 19.19 часот во аптека на подрачје на Кисела Вода, со закана одзел пари.

При прегледот кај него, биле пронајдени и одземени пари и пиштол, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело, велат од МВР.

А.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Фатен скопјанец кој ограби аптека во Кисела Вода е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top