Најмалку девет работници загинаа, а неколку други се повредени во експлозија утринава во фабрика за експлозиви во Нагпур, централна област во индиската држава Махараштра, соопшти претставник на локалната полиција.
Експлозијата се случила во фабриката Solar Industries India, изјави претставник на локалната полиција, пренесува „Ројтерс“.
Фабриката произведува индустриски и воени експлозиви, како и погони и боеви глави за индиската индустрија за специјални намени, се наведува на официјалната веб-страница на компанијата.
Повредените се префрлени во блиските болници, изјави претставник на локалната полиција и додаде дека бројот на жртви може да се зголеми.
Според него, полицијата се уште истражува што ја предизвикало смртоносната експлозија, пренесе „Ројтерс“.
Текстот Експлозија во фабрика за експлозиви во Индија, девет жртви е превземен од МАКФАКС.