(Видео) Феникс го победи Вашингтон, Милвоки славеше над Хјустон, Кари не погоди ниту една тројка

(Видео) Феникс го победи Вашингтон, Милвоки славеше над Хјустон, Кари не погоди ниту една тројка

пред 9 месеци

Милвоки Бакс, Феникс Санс и Голден стејт Вориорс забележаа победи во НБА лигата.

Феникс, предводен од Кевин Дурент, Девин Букер и Јусуф Нуркиќ го скрши отпорот на Вашингтон Визардс 112:108.

Дурент постигна 28 поени, имаше и по пет скока и асистенции, додека Букер постигна 27 поени, осум асистенции и четири скока. Нуркиќ мечот го заврши со шест поени, 17 скока и седум асистенции. Даниел Гафорд се истакна кај Вашингтон со 26 поени и 17 скока.

Милвоки на домашен терен победи над Хјустон, 128:119.

Ова е четврта последователна победа за Бакс, додека „Ракетите“ ја прекинаа серијата од пет победи.

Најефикасен на натпреварот беше Демиен Лилард со 39 поени, 11 асистенции и пет скока, а веднаш зад него беше Јанис Адетокумбо. Гркот на вечната листа го мина Карим-Абдул Џабар. Ја предводи франшизата според бројот на скоковите. Од претходно Адетокумбо е прв на клупските листи уште во две категории, поени и асистенции. Во историјата тоа им успеало само на Мајкл Џордан (Чикаго Булс), Леброн Џејмс (Кливленд Кавалирс) и Кевин Гарнет (Минесота Тимбервулвс).

На другата страна, Фред Ван Влит постигна 22 поени и шест асистенции, Алперен Шенгун, постигна 20 поени, осум скока и пет асистенции.

Голден стејт Вориорс славеа во Портланд со 118:114.

Стеф Кари не постигна ниту една тројка од осум обиди. Најдобриот шутер во историјата на НБА лигата ја прекина серијата од 268 натпревари на кои постигнал најмалку една тројка. Серијата ја започна пред пет години во Детроит. Ворирос до победата ги предводеа Клеј Томпсон со 28 поени и Ендрју Вигинс со 25 поени.

Share
Scroll to Top