Истите лица што ја убиле Вања се осомничени и за убиството на велешкиот фризер Панче по кој се трагаше, автомобилот му беше пронајден опожарен во средата

Обвинителството сѐ уште ги прибира доказите за убиствата на Вања и Панче

пред 3 години

Јавното обвинителство сѐ уште ги прибира доказите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

Од Обвинителството велат дека официјалниот извештај од oбдукцијата сѐ уште не им е доставен.

Вања и Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември беа најдени убиени.

Засега за случајот осомничени се шест лица. Од нив, пет се наоѓаат во притвор, а за осомничениот Љупчо Палевски се чека екстрадицијата од Турција.

Текстот Обвинителството сѐ уште ги прибира доказите за убиствата на Вања и Панче е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top