Гарли Сохо, младиот венецуелски кошаркар кој минатото лето играше на Мундобаскетот, е пронајден мртов во својот дом, пишува колумбиски „Ел Тиемпо“.
Причината за смртта на 23-годишниот Каракас останува под истрага. Според првите неофицијални информации тој починал како последица на срцев удар.
Кариерата на Сох беше поврзана со Јужна и Централна Америка, тој важеше за борбен и сестран кошаркар.
Пред четири години на јужноамериканскиот шампионат до 21 година беше меѓу најдобрите на турнирот со просек од 17,6 поени, 2,4 асистенции и 2,6 украдени топки. Патот подоцна го одведе до сениорската репрезентација на Венецуела, со која играше на Светското првенство на ФИБА во 2023 година.
View this post on Instagram
Особено импресивна беше неговата игра против Словенија, каде што го чуваше Лука Дончиќ и успеа да постигне 16 поени на другата страна. Против Јапонија постигна 20, а турнирот го заврши со просек од 12,4 поени.