(Видео) Манчестер сити ја освои титулата на клупскиот Мундијал

(Видео) Манчестер сити ја освои титулата на клупскиот Мундијал

пред 9 месеци

Foto/ EPA

Фудбалерите на Манчестер сити ја освоија титулата на Светскоот клупско првенство. „Граѓаните“ на стадионот „Крал Абдула“ во Џеда убедливо го победија Флуминенсе со 4:0 (2:0).

Манчестер сити и официјално е најдобриот клуб во светот. Европскиот првак лесно го победи шампионот на Јужна Америка, Флуминенсе. На Бразилците „граѓаните“ им спакуваа по два гола во секое полувреме.

Серијата ја отвори играчот на натпреварот Хулијан Алварез во првата минута. Прашањето на победникот практично беше решено во 27.минута кога Нино си постигна авто-гол.

Во второто полувреме во 72. погоди Фоден, а во 88.минута точка на натреварот стави со својот втор гол Алварез.

Share
Scroll to Top