Авиокомпанија воведува зони без деца, мислењата се поделени

Авионот со 303 патници што беше задржан поради сомнеж за трговија со луѓе доби дозвола да полета од Франција

пред 3 години

Авионот со 303 индиски патници, што во четвртокот беше задржан во Франција, поради сомнеж за трговија со луѓе, денеска ќе може слободно да ја напушти земјата, соопштија француските правосудни власти.

Патниците на Ербас А340, кој летал од Дубаи, биле задржани во четвртокот на аеродромот Ватри, 150 километри источно од Париз, каде што авионот застанал за полнење гориво, по анонимна дојава дека превезува потенцијални жртви на трговија со луѓе.

По дводневното испрашување на патниците, француските обвинители дале зелено светло за полетување на авионот во недела, а денеска се очекува целосно одобрение за полетување, се вели во соопштението на локалната полициска префектура, пренесува „Франс 24“.

Иако во соопштението не се споменува дестинацијата, шефот на локалната адвокатска комора, Франсоа Прокурер, на прес-конференција рече дека патниците ќе бидат пренесени во Индија.

Извор близок до истрагата рече дека Индијците најверојатно биле работници во Обединетите Арапски Емирати кои биле на пат за Никарагва како појдовна точка за САД или Канада.

Во текот на истрагата на аеродромот биле сместени патниците од авионот со кој управува романската компанија „Леџенд ерлајнс“.

Меѓу нив имало и 11 малолетници без придружба, соопштија париските обвинители.

Текстот Авионот со 303 патници што беше задржан поради сомнеж за трговија со луѓе доби дозвола да полета од Франција е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top